Германија: ЕУ мора да ги започне пристапните преговори со С. Македонија и Албанија до јули

од Nikola Popovski

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Албанија и Северна Македонија треба да започнат преговори за членство во ЕУ во првата половина на 2022 година, пренесоа германските медиуми.

-Земјите како Украина, како и другите земји, одамна ја гледаат својата иднина во ЕУ. Не само што нема да ги разочараме овие земји, туку ќе го одржиме ветувањето за влез во Европската унија. Тоа важи и за некои земји од Западен Балкан, пред се Албанија и Северна Македонија, и затоа сега во првата половина од годината мора конечно да ги започнеме пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, рече Бербок по средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Таа додаде дека ова е задоцнет чекор. Бербок нагласи дека имала билатерални разговори со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, при што двете страни се согласиле дека во сегашната ситуација е клучно да се започнат преговорите за влез на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.

Слични содржини