Германија ќе имунизира 20 проценти од населението до почетокот на мај

од Vladimir Zorba

Германија ќе имунизира 20 проценти од својата популација против новиот коронавирус до почетокот на мај, рече во понеделникот министерот за здравство Јенс Шпан.

Германија бележи зголемување на бројот на заразени затоа што заостанува зад Велика Британија, Израел и САД во брзината на вакцинирање, пренесе Ројтерс.

Говорејќи во центарот за вакцинација во Берлин, Шпан рече дека на Германија и требаат три месеци да достигне 10 проценти од вакцинираната популација.

„Следните 10 проценти од населението ќе се вакцинираат следниот месец“, рече тој.

Слични содржини