Германија пак на нозе: Шишиња со “Молотови коктели” летаа во центар за бегалци

од Vladimir Zorba

Инцидентот се случил во градот Бауцен.

Повторно Бауцен, повторно напад врз центарот за бегалци – непознати лица фрлиле шишиња со запаллива течност по зградата во која се сместени азилантите во Германија, пишува весникот Der Spiegel.
Вкупно четири шишиња со “Молотови коктели” биле фрлени на зградата, а две од нив се разбиле и ја погодиле целта, но без да нанесат сериозни оштетувања, објаснија од полицијата во малиот саксонски град.

Петтото шише било оставена кај оградата на центарот. Според властите извршителите на нападот се тројца.
Во инцидентот, кој бил констатиран наутро, нема повредени.

Слични содржини