Германија: Поради штрајк на пилотите на „Еуровингс“ откажани стотици летови

од Stefanija Kuzmanovska

Штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Еуровингс“ денеска ја принуди германската компанија да откаже околу 250 летови.

Подружницата на „Луфтханза“ објави дека околу половина од нејзините 500 дневни летови ќе бидат откажани, што ќе влијае на десетици илјади патници, пренесе АП.

Германските аеродроми ќе бидат најтешко погодени, но и многу други, пред се во Стокхолм, Прага и Мајорка.

Слични содржини