Германска министерка поднесе оставка бидејќи избрала погрешно време за годишен одмор

од Nikola Popovski

Ана Шпигел денеска поднесе оставка на функцијата германска министерка за семејство, откако изби скандал поради одлуката од минатата година да оди на одмор по разорните поплави во сојузната држава каде што беше на висока функција.

Шпигел, член на Зелените, е првиот министер што ја напушти владата на канцеларот Олаф Шолц, која сè уште ја сочинуваат неговите социјалдемократи и Либералната партија на слободните демократи.

– Денеска поради политички притисок решив да поднесам оставка од функцијата федерален министер за семејни прашања – изјави Шпигел, кој во неделата се извини што веднаш по големите поплави во 2021 година заминала на четиринеделен одмор, пренесува Хина.

Во тоа време таа беше министерка за заштита на животната средина во сојузната држава, која беше најтешко погодена од поплавите, во кои животот го загубија повеќе од 170 луѓе.

Нејзината одлука доаѓа во пресрет на регионалните избори во Северна Рајна Вестфалија, која исто така беше тешко погодена од поплавите.

Минатата недела, исто така министерка на таа сојузна држава поднесе оставка поради истата причина – поминала премногу време во Мајорка по поплавата. Лидерот на зелените, Омид Нурипур, рече дека одлуката на Шпигел била правилна.

Фото: Profimedia

Слични содржини