Германски БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје

од Vladimir Zorba

Германската компанија за напредни батериски системи БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје, велат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Инвестицијата ќе се реализира на постоечки објект во ТИРЗ Скопје 2.

Договорот ќе биде потпишан денеска во Франкфурт од извршниот директор и основач Свен Бауер и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија.

Компанијата БМЗ произведува батерии за мопеди, тротинети и други производи од индустријата.

Германија е првиот од петте трговски партнери на Северна Македонија според вкупниот обем на надворешно-трговската размена. Размената лани достигна 4,8 милијарди евра.

Слични содржини