Ги тужи „Meta“ и „Snap“ поради самоубиството на нејзината ќерка: „Платформите имаат катастрофални последици за децата, но тоа не ги интересира…“

од Vladimir Zorba

Жена од Конектикат поднесе тужба против Meta и Snap, тврдејќи дека нивните платформи се виновни за самоубиството на нејзината ќерка.

Селена Родригез, 11-годишна од Енфилд, се самоуби минатата година. Мајката Тами во тужбата навела дека нејзиното девојче било „екстремно“ зависно од Instagram (дел од Меtа) и Snap, што го потврди и специјалист.

Иако Родригез постојано и го одземала пристапот до телефонот и компјутерот, Селена бегала од дома за да се „дружи“ на социјалните мрежи.

Пред нејзиното самоубиство во јули 2021 година, Селена со месеци имала проблем со депресија и несоница, особено кога се повеќе и повеќе време поминувала на социјалните мрежи поради Ковид 19.

Во тужбата се наведува и дека од Селена постојано било барано да ги сподели своите разголени фотографии на Интернет, што на крајот и го направила. Фотографиите потоа протекле до нејзините пријатели од училиште кои продолжиле да ги споделуваат, што на крајот довело до влошување на нејзината психичка состојба и самоубиство.

Во тужбата се наведува дека и Meta и Snap биле „свесно и намерно“ дизајнирани да промовираат производи кои се штетни за „голем број“ нивни малолетни корисници.

„Обвинетите намерно создале атрактивна забава за децата, но не смислиле соодветни насоки и заштита од штетните последици за кои знаат дека ќе се случат на нивните платформи“, се вели во тужбата.

Во изјавата испратена до Би-Би-Си, Snap изјавил дека се „скршени“ од самоубиството на Селена и дека „ништо не им е поважно од благосостојбата на нивната заедница“, но тие одбиле да ја коментираат тужбата.

Исто така, било наведено дека Snap им помага на луѓето да комуницираат без притисок од јавноста и некои други карактеристики кои постојат на традиционалните платформи, како и дека тие работат напорно за да им оневозможат што е можно повеќе на непознати да контактираат со младите.

Во ноември, поранешниот менаџер на производи на Facebook, Френсис Хоген, им кажа на претставниците на Сенатот дека компанијата им штети на децата, но не сака да ги направи потребните промени бидејќи тие повеќе се грижат за астрономскиот профит отколку за луѓето.

Набргу потоа, извршниот директор на Меtа (Facebook) Марк Закерберг испрати писмо до вработените во кое наведува дека неговата компанија е „екстремно загрижена за безбедноста, благосостојбата и менталното здравје“.

Слични содржини