Гир: Парламентот не смее да биде жртва на политичката поларизација и битка меѓу власта и опозицијата

од Nikola Popovski

Денес, во Собранието, се оддржува состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ, заедничко тело за парламентарен дијалог меѓу пратениците на Собранието и на Европскиот парламент.

-Денес, сакам да ве поздравам на вашиот македонски јазик, за кој сум цврсто убедена дека ќе стане еден од службените јазици на ЕУ, изјавила Ирена Јовева, европратеничка од Словенија со македонско потекло, која присуствува во Собранието.

Во екот на последните тензии во Собранието, Евроамбасадорот Дејвид Гир истакнал дека Парламентот не смее да биде жртва на политичката поларизација и битка меѓу власта и опозицијата наместо за демократија и реформи.

-Тоа има сериозно негативно влијание на законодавната агенда и влијае на пошироките реформи и потребната помош да се подобри животот на граѓаните, изјави Гир.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, посочи дека е многу важно да се задржи и исполни определбата за пристапување на државите од Западен Балкан во европското семејство, дадена уште во 2003 година на Самитот во Солун.

Постојниот известител на Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, рече дека Северна Македонија има важна улога во гео-политичкиот контекст.

– За жал, ние како Европски парламент не успеавме да убедиме некои од земјите членки, вклучително и мојата, да го крене ветото многу порано, за да може да се даде зелено светло за иднината на Северна Македонија и да се свика првата меѓувладина конференција, изјави Ќучук.

Слични содржини