Гир: Регулативата на ЕУ која на сила ќе стапи во август забранува споделување верска и етничка припадност

од Берта Китинска

Општата регулатива за заштита на лични податоци, која стапува во сила во август годинава, забранува споделување лични податоци, како расна, етничка, политичка и верска припадност, одговори евроамбасадорот Дејвид Гир на прашањетов во однос на тоа дали законот за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива.

– Во Европската Унија, личните карти во моментов се сеуште регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021, рече Гир на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши по повод претседавањето на земјава со ЦЕФТА.

Слични содржини