Ѓоковиќ го совлада Димитров во Париз и ја освои 40-та титула на Мастерс турнирот

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата триумфираше на Мастерс турнирот од серијата 1.000 во Париз, совладувајќи го вечерва во финалето бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6-3, 6-3.

За 36-годишниот тенисер ова е јубилејна 40-та титула на Мастерс 1.000 турнирите, а вкупно 97. освоен трофеј во кариерата.

Од друга страна, 32-годишниот Димитров остана на осум освоени турнири во кариерата.

Бугаринот последен пат триумфираше пред шест години на АТП финалниот турнир.

Слични содржини