Ѓорчев: Структурата на ДПА е дел од поддршката на Таравари

од Nikola Popovski
670 прегледи

ДУИ успеа за овие 22 години, целосно да го избрише постоењето на ДПА и ПДП, кои беа силни партии. Нивниот начин на работа ги гушеше албанските граѓани и сите кои беа незадоволни од владеењето на ДУИ во изминатите години, со двата коалициски партнери – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Се создаде голем набој во албанскиот гласачки електорат. Луѓето и структурата на ДПА се дел од поддршката на Таравари. За мене беше кристално јасно дека Таравари ќе оди во опозиција, бидејќи луѓето од ДПА имаат благодетно искуство од соработката со ВМРО-ДПМНЕ, вели поранешниот амбасадор и бивши член на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев за ситуацијата на политичката сцена во земјава.

Според него, најголема жртва на владеењето на ДУИ беа албанските граѓани во Македонија.

-Немаше никакви последици по нивните челни лица во партијата, секогаш страдаа страничните членови… ДУИ остана нечепната и ги држеше конците. Затоа сметам дека опозицискиот блок и без Албин Курти има големи шанси. Не знам колку косовскиот премиер може да има влијание. Четирите лидери од здружената албанска опозиција ќе бидат носечката сила за успех на нивниот блок, кажа Ѓорчев во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини