Гобер повторно е најдобриот дефанзивец во НБА лигата

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот на Јута, Руди Гобер синоќа беше прогласен за најдобар дефанзивен играч во тековната сезона во НБА.

Францускиот центар со тоа стана само четвртиот играч во историјата на НБА лигата со најмалку три титули за најдобар дефанзивец, објави ЕСПН.

Пред него тоа успеаја да го направат Дикембе Мутомбо, Бен Валас и Двајт Хауард.

Второто место му припадна на кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, а трет беше играчот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин.

„Неверојатно е чувството. Кога започнав да играм кошарка како дете, ако некој ми кажеше дека ќе бидам дефанзивен играч на годината, никогаш немаше да му верувам, а камоли три пати“, рече Гобер.

Јута води против Лос Анџелес Клиперс со 1-0 во серијата во полуфиналето од плејофот на Западната конференција.

Слични содржини