Ѓоковиќ декласиран од „среќен губитник“ во Виена

од Vladimir Zorba

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот од серија АТП 500 во Виена, откако беше поразен од Италијанецот Лоренцо Сонега со 6:2, 6:1.

Самиот резултат покажува дека на српскиот тенисер воопшто не му одело во овој натпревар. Но, не можеше да биде поинаку, бидејќи тој запишал само седум „винери“ и дури 25 неизнудени грешки.

Сонега во полуфиналето ќе се сретне со подобриот играч од дуелот Димитров – Еванс.

Слични содржини