Ѓоковиќ фрли рекет на трибините, а друг скрши од подлогата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се изнервира на мечот со Пабло Карењо-Буста за бронзениот медал во Токио.

Откако го загуби првиот сет, Новак го освои вториот во кој спаси меч топка, а во третиот имаше шанса за брејк веќе на почетокот на сетот.

Кога не ја искористи шансата бидејќи не успеа да стигне до една топка, тој фрли рекет надвор од теренот, на трибините.

Карењо-Буста го доби воведниот гем, а добро е што Ѓоковиќ не доби опомена. Тоа не се случи бидејќи нема навивачи на трибините.

Сепак, само два гејмови подоцна, Новак го скрши вториот рекет, удирајќи го од подлогата.

Слична нервоза му се случи и на мечот со Карењо-Буста во Њујорк минатата година.

Слични содржини