Ѓоковиќ не стигна ни до бронзен медал!

од Nikola Popovski

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа ниту да освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио, бидејќи денеска беше поразен во мечот за третото место од Шпанецот Пабло Карено- Буста со 6: 4, 6: 7 (6: 8), 6: 3.

Видно исцрпен откако загуби две полуфиналиња во петокот, српскиот тенисер успеа да спаси меч топка во тај-брејкот од вториот сет, да го одведе мечот во трет, да спаси уште три меч топки во решавачкиот гем, но не повеќе од тоа.

Сега треба да се обиде да освои бронзен медал во микс-дубл со Нина Стојановиќ во мечот за третото место против австралиската комбинација Ешли Барт / Џон Пирс.

Во полуфиналето на ОИ, српскиот тенисер загуби од Александар Зверев.

Слични содржини