Ѓоковиќ зачуден од новинарско прашање: „Надал е се уште тука, зарем не?“

од Stefanija Kuzmanovska

Тенисерот Новак Ѓоковиќ беше зачуден од прашање кое го доби од шпански новинар по Лејвер купот.

Имено, новинарот се интересирал кој е актуелниот најголем ривал на Новак на АТП турнејата сега кога го нема Роџер Федерер, односно дали можеби тоа е Карлос Алкараз.

„Па… Надал е се уште тука, зарем не? Очигледно, сè уште е Рафа. Се додека игра, тој е мојот најголем ривал“, јасно одговори Ѓоковиќ, иако на почетокот малку беше збунет од прашањето.

Ѓоковиќ се осврна и на збогувањето на Федерер со активното играње тенис.

„Мислам дека ова беа неколку емотивни денови, поради збогувањето на Роџер и ја почувствувавме големата енергија на неговото збогување. Тој е еден од основачите на Лејвер купот, па мислам дека тоа беше одличен начин да се збогува со тенисот. Ова е уникатен натпревар, се забавуваме заедно. Многу сум среќен што бев дел од Тим Европа. За жал загубивме, но мислам дека тоа беше фантастична недела која долго ќе ја паметам“, наведе тој.

Да потсетиме, на најновата АТП листа Ѓоковиќ го зазеде седмото место, додека Алакараз остана на првата позиција.

Слични содржини