„Голд Куп“: Фудбалерите на САД го освоија трофејот

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалската репрезентација на САД го освои „Голд Куп“, откако синоќа во Лас Вегас по продолженија го победи Мексико со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Мајлс Робинсон во 117 -та минута од продолжението.

Така американските фудбалери станаа шампиони на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) по седми пат во своето 11-то финале.

Мексико има осум титули во тоа натпреварување, додека Канада триумфираше еднаш, во 2000 година.

Слични содржини