Голем снег го затрупа северот на САД

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Обилни  врнежи од снег го затрупаа северот на САД. За еден ден во Северна и Јужна Дакота наврнаа 40 сантиметри снег. Тоа го наложи затворањето на двата главни автопати. А многу луѓе не успеаја да отидат на работа, информираат американските медиуми.

Температурите се меѓу минус 9 и минус 12 степени Целзиусови. Но повеќе проблеми создава снегот, а не студот. Уште поголеми проблеми се очекуваат кога лошото време ќе достигне Нова Англија и државата Њујорк.

35 милиони луѓе ќе се борат со ветер до 80 километри на час и подмрзнување на патиштата.

Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека во голем број области на овие Држави температурите паднале под минус девет степени, а на патиштата има голомразица и снежни наноси. Специјални служби ќе го собираат снегот и ќе им помогнат на автомобилите. Синоптичарите предупредија уште во неделата луѓето да ги сменат плановите за патувања во екот на бури. Предупредувањето беше продолжено до вторник.

Привремено беше затворен меѓународниот аеродром „Мајнот“ во Северна Дакота. Во Јужна Дакота без струја останаа 12.000 домаќинства и компании.