Google воведува виртуелно пробување на облека со помош на вештачка интелигенција

од Stefanija Kuzmanovska

Google воведува две нови функции во своето искуство за онлајн купување. Тие се дизајнирани да им помогнат на купувачите кои бараат облека со тоа што ќе им помогнат да визуелизираат како облеката ќе изгледа на различни типови на тело, пишува Verge.

Функцијата, која е достапна во САД почнувајќи од денес, им овозможува на корисниците да имаат виртуелна проба која реално покажува како изгледа одредена ставка на различни човечки модели. Овие модели се достапни во неколку тонови на кожа и имаат различни типови на коса и облици на тело (сè од XXS до 4XL) за да им помогнат на корисниците да визуелизираат како одредена ставка ќе изгледа на одреден тип на тело слично на нивното.

Засега, само женски блузи од неколку брендови како H&M, Anthropologie, Everlane и Loft ја поддржуваат функцијата, а Google објави дека машки блузи и „друга облека“ ќе бидат достапни подоцна оваа година. Функцијата е дизајнирана да го намали разочарувањето на клиентите со визуелизација на облеката на некоја личност. Компанијата наведува дека според интерните податоци, 59 отсто од онлајн купувањето завршува со разочарување бидејќи очекувале производот да изгледа поинаку на нивното тело, додека 42 отсто не се сметаат себеси за доволно претставени во однос на прикажаните модели.

За овој потфат, Google користи генеративна вештачка интелигенција која се тренира со додавање на гаусовиот шум на сликата, создавајќи случајни пиксели кои моделот учи да ги движи за да генерира реални слики. Постапката му овозможува на моделот на Google реално да ја прикаже облеката додека се превиткува, тутка или виси на одреден дел од моделот, без оглед на аголот под кој позираат. Самите модели не се генерирани од вештачка интелигенција – таа служи само за „облекување“.

Сè уште не е познат датумот на пристигнување на функцијата во ЕУ.

Слични содржини