Ѓорчев: Постои песимизам во Бугарија околу кревањето на ветото

од Nikola Popovski

Од мој агол на гледање, неодамна се вратив од Бугарија, ценам дека Бугарија нема да отстапи од своите тврдокорни ставови. Тие сакаат да објаснат пред сојузниците дека можат да го преместат ветото сега, што е пострашно за нас и ставање во Поглавјето 35, општите работи од преговарачката рамка. Тоа би било прв случај за земја-кандидат да влезат сите услови на Бугарија. Тоа го бараат, вели поранешениот амбасадор и градоначалник, Марјан Ѓорчев околу спорот со Бугарија.

Ѓорчев информира дека зборувал со дел од бугарските интелектуалци во Софија и дека тие го известиле дека се песимисти околу кревањето на ветото.

-Тешко дека ќе се направи нешто повеќе до јуни, појаснува Ѓорчев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини