„Готвачот на Путин“ му одговори на Вучиќ: Во Вагнер нема ниту еден Србин

од Nikola Popovski

Основачот и лидер на „Вагнер“, Евгениј Пригожин синоќа изјави дека во руската паравоена формација нема српски државјани, коментирајќи го објавениот текст на „politico.eu“, во кој се наведува дека српскиот претседател Александар Вучиќ претходно кажал за порталот дека „сите Срби регрутирани во паравоената група Вагнер кои учествуваат во воените дејствија во Украина ќе бидат уапсени по нивното враќање во татковината“.

„Во Вагнер на денешен ден, 1 март, нема ниту еден Србин. Последниот кој се бореше за Вагнер си замина пред два месеци. Ако некој Србин тврди дека се борел за Вагнер во 2023 година, тоа е лага. Не му верувајте“, изјавил Пригожин за рускиот портал „REX“, кој побарал од него да ја коментира изјавата на Вучиќ.

Пригожин особено нагласил дека Вагнер „никогаш не бил во Србија“ и дека „нема никакви контакти со Србија“, пренесе ТАСС.

Пригожин го објави и својот одговор за порталот „REX“ на својот канал Телеграм.

„Не ми треба поддршката на Вагнер, не ми треба да ми аплаудираат или да ме критикуваат“, изјавил Вучиќ за „politico.eu“ на почетокот на овој месец за време на Минхенската безбедносна конференција, како што пренесува порталот во текстот објавен со наслов „Вучиќ се соочува со тежок избор“.

Фото: Attila KISBENEDEK / AFP / Profimedia, Not supplied / WillWest News / Profimedia

Слични содржини