Град Скопје го раскина договорот за новогодишното украсување поради енергетската криза

од Nikola Popovski

Денес од град Скопје соопштија дека е побарано раскинување на договорот со „Линк медиа плус дооел“ за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000,00 денари односно 243.000,00 евра, поради енергетската криза, која е во тек.

-Следната година наместо досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

Ова е само прв пример за воспоставување на нова пракса на одговорно и транспарентно работење на Градот, со што ќе ставиме крај на неодговорното работење и трошење на градските буџетски средства, велат од градот.

Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа плус“ и чини 240.000 евра. Таа била единствена која доставила понуда на јавниот повик, кој беше објавен во септември.

Слични содржини