Град Скопје најавува присилно наплаќање на даноците за 2019 година

од Берта Китинска

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на главниот град.

„Доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки. Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски“, се наведува во соопштението на градските власти.

Од таму потсетуваат дека станува збор за неплатени обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за минатата година.

„Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи го следниот линк“, појаснуваат од Град Скопје.

Слични содржини