Град Скопје: Од 15 на 5 денари намалена комуналната такса за закуп на јавен простор

Со цел полесно надминување на економските последици од Ковид пандемијата, Град Скопје продолжува со конкретните мерки за скопските угостители.

Оттаму, Градот Скопје, продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на пет денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година, истакнаа од Град Скопје.

„Град Скопје е најголем чинител во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука е најголемиот број на работни места, тука се остваруваат најголемиот дел од инвестициите во земјава. Работите не смеат да запрат и Град Скопје ќе продолжи посветено да работи на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции, посочи градоначалникот, Петре Шилегов.

Слични содржини