Граѓаните и фирмите ја очекуваат финансиската помош од четвртиот пакет мерки

од Берта Китинска

Четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на ребалансот.

Во овјо пакет предвидено е финансиска поддршка за:

4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари,во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата, 1,6 милијарди денари за инансиска поддршка за ранливи категории погодени од Ковид-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај погодениите сектори, 412 милиони денари за Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, 9,8 милиони денари за поддршка на дејноста туристички водич, регистрирани како самостојни вршители на дејност, 120 милиони денари за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања, 66,85 милиони денари поврат за Викенд без ДДВ, 799 милиони денари за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, со што се нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, вели дека и граѓаните и фирмиет го ја очекуваат помошта од четвртиот пакет.

-Стотици илјади граѓани и илјадници фирми очекуваат од Собранието да го донесе овој Ребаланс, за да можат да ги ползуваат мерките од Четвртиот пакет, кои ќе им ги олеснат ефектите од кризата и ќе им помогнат со соочување на овој втор бран кој се случува, рече министерот.

Од СДСМ велат пратениците од сите политички партии во Собрание да покажат одговорност и конструктивност и да ги донесат измените и дополнувањата на буџетот за 2020 година

„ Средствата од овој пакет мерки ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места, односно со 70 милиони евра, ќе се субвенционираат вкупно 250.000 плати за октомври, ноември и декември“, велат од СДСМ.

Согласно Деловникот расправата за ребалансот трае до пет работни дена.

Слични содржини