Грчки херој: Млад студент скршил прозорец од вагон кој горел и спасил десетици луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Смртоносната железничка несреќа која се случи вчера во Грција однесе најмалку 43 животи, а околу 85 лица се тешко повредени.

Како што расте трагичниот број на жртви од страшната несреќа во Грција, објавата на докторката во Универзитетската болница во Лариса, Ерис Цијастудис, на Фејсбук дава уште една слика за трагедијата во Грција, пренесува protothema.gr.

Како што е наведено во објавата, 20-годишен студент се истакнал по своите херојски постапки кога успеал сам да скрши стакло и да спаси најмалку десет млади луѓе.

Студентот Андреас Аликаниотис излегол речиси неповреден од вториот вагон и пркосејќи ѝ на опасноста, на огромниот оган кој горел покрај него, сакал да спаси луѓе.

„Иако денеска небото беше исполнето со ангели, ние имаме среќа меѓу нас да имаме земски ангел, дваесетгодишниот студент Андреас Аликаниотис, кој излезе речиси неповреден од вториот вагон. Тој е херој затоа што ризикувајќи го својот живот, со огромен оган покрај него, не го напуштил вагонот туку сам успеал да го скрши стаклото и спаси уште најмалку десет деца, момчиња и девојчиња. Во денешниот мрачен ден Андреас ни покажа дека новата генерација Грци има добрина, принципи и морал! Секоја чест мој прекрасен Андреас, честитки за родителите кои те воспитале!“, се наведува во соопштението.

За потсетување, меѓуградски патнички воз кој сообраќал од Атина до Солун со голема брзина се судри со товарен воз надвор од градот Лариса во централна Грција.

Слични содржини