Грета Тунберг е ќерка на позната шведска пејачка

од desk4

Шведската активистка Грета Тунберг постојано е во фокусот на вниманието и е една од најпопуларните личности во светот. Покрај поддржувачи, таа има и т.н. хејтери, кои одат против нејзините пароли.

Инстаграм

На Самитот на ОН, таа ги критикуваше светските лидери. Оттогаш, светот како да се посвети на ископување на информации за неа, а во моментов најактуелно им е што таа е ќерка на Малена Ерман, која е позната шведска пејачка. Ерман во 2009 година ја претставуваше Шведска на Евровизија, што се одржа во Москва.

Во последните неколку дена на Јутјуб има зголемен „сообраќај“ токму на тоа видео, кое никој не го погледнал веќе 10 години.

Овој настап публиката го памети како еден од најлошите пласмани на Шведска, која пак има и завидна бројка на победници токму на овој фестивал.

Слични содржини