Тунберг: Мораме да се справиме со климатската криза, ова не е „новото нормално“

од Nikola Popovski

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се огласи на Фејсбук по повод неодамнешните поплави што го погодија западниот дел на Европа, предупредувајќи дека тоа не е „новото нормално“ и дека ако не се справиме со проблемот со климатските промени, нема да бидеме во можност да ја запре климатската криза.

– Смртоносна топлина, поплави, бури, шумски пожари, суши, неуспех на посевите … Ова не е „новото нормално“, напиша Грета.

Таа предупреди дека сме на самиот почеток на опасностите од климата и животната средина и дека екстремните временски настани ќе станат почести.

– По неодамнешните катастрофални настани, особено во Западна Европа, се чини дека сите зборуваат за климатски итни случаи, и со право. Но, штом завршат овие трагедии, најверојатно ќе го заборавиме и ќе продолжиме како порано – рече Тунберг.

Таа додаде дека „ако постојано не ја третираме кризата како криза и да се справиме на тој начин, нема да можеме да ја запреме“.

Таа ги критикуваше владата и политичарите, велејќи дека тие сега се обидуваат да се однесуваат одговорно, „изговарајќи многу убави зборови“.

– Се чини дека сите забораваат дека се одговорни да не водат кон малку потопла и дестабилизирана планета. Моите мисли се со сите погодени од овие настани – заклучи Тунберг.

Тунберг сподели и неколку фотографии од поплави во Западна Европа и шумски пожари.

 

Слични содржини