Грилиш по дебито за Сти: Знам како му е на Меси

од Stefanija Kuzmanovska

Англискиот играч од средниот ред Џек Грилиш (25) во неделата за првпат во својот живот одигра клупски натпревар, во кој на ниту еден начин не беше врзан за Астон Вила.

Тој стана сопственик на членската картичка на големиот тимод Бирмингем на само четири години, а во младинската школа на тој клуб пристигна на шестгодишна возраст.

Практично две децении подоцна, тој е на нов почеток бидејќи се пресели во Манчестер Сити, а разделбата со Вила беше емотивно слична на жалната разделба на Лионел Меси и Барселона.

„Сите видовте каков беше Меси на прошталната конференција за печат. Така ми беше и мене“, откри Грилиш.

Најплатениот играч во историјата на англискиот фудбал откри дека пред да замине отишол во хотел и разговарал со соиграчите од Вила.

Тој се пресели во Манчестер Сити ова лето во трансфер вреден 117 милиони евра и дебитираше во дуелот за трофејот од „Комјунити шилд“ против Лестер, во која комбинираниот тим на „граѓаните“ загубија во возбудливо финале.

„Чувствував дека е време да продолжам понатаму. Секогаш велев дека сакам да играм во Лигата на шампионите, и не можев да го направам тоа во Астон Вила оваа година. Дојдов тука за да освојувам титули и да играм во Лигата на шампионите и тоа е мојата единствена цел сега“, додаде Англичанецот.

Грилиш би можел да дебитира за Сити на 15 август на натпреварот против Тотенхем, кога ќе започне новата сезона во Премиер лигата.

Слични содржини