Груби: Ќе има работа за сите и ќе биде подобро

од Nikola Popovski

-Коридорот 8, патниот и железничкиот сообраќај се најголемите инфраструктурни инвестиции од постоењето на нашата држава, тие се важна економска артерија, стратешки цели од кои нема враќање назад, тие се идната перспектива за развој на државата и конкретизирање на стратегијата за подобар квалитет на животот, рече првиот вицепремиер Артан Груби обраќајки се на настанот по повод отпочнувањето на градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Тој нагласи дека „многу брзо ќе направиме уште еден голем чекор заедно со почетокот на изградбата на автопатот, Коридор 8“.

-Годината што е пред нас ќе биде исполнета со инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето и ќе придонесат за развој на економијата на нашата земја. Ќе има работа за сите и ќе биде подобро за сите!, посочи Груби во своето обраќање.

Слични содржини