Гуаидо бара дијалог со Кина

од Vladimir Zorba

Самопрогласениот венецуелски претседател Хуан Гуаидо за кинески весник изјави дека ќе ги почитува договорите склучени меѓу Пекинг и неговата земја и дека сака да започне дијалог со Кина што е можно поскоро.

-Поддршката на Кина ќе биде многу важна за стимулирање на економијата на нашата земја и нашиот иден развој, изјави Гуаидо во писменото интервју за South China Morning Post.

-Ние сме подготвени да почнеме конструктивни односи и дијалог со Кина што е можно поскоро, додаде тој.

Кина и Русија го поддржуваат претседателот Николас Мадуро. Тој ја посети Кина во септември минатата година и склучи договори во областа на енергетиката и ископ на злато.

Слични содржини