Ѓурчиновски за Ковачки: Нема да дозволам Армијата да биде втурната во партиски пресметки

од Vladimir Zorba

Началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски изрази остра осуда заканите кои неговиот потчинет, полковникот Драган Ковачки ги упати кон него и потенцираше дека тоа е недозволиво за Армија во која има ред, субординација и хиерархија.

– Јас како началник нема да дозволам по никаква цена Армијата да биде втурната во било какви партиски пресметки и настани. Горд сум што ја предводам Армијата на Република Северна Македонија која има највисок рејтинг во општеството и секако ќе продолжам да ги спроведувам обврските и задолженијата, како патриотски долг и како обврска кон граѓаните и кон земјата. Апсолутно нема да толерирам такви однесувања на било кого и од било кого оправдани и поддржани. Ја користам оваа прилика да повикам темелна анализа да направат сите кои сметаат поинаку или го оправдуваат или го поддржуваат конкретното лице – рече Ѓурчиновски.

Слични содржини