Густа магла кај Бунец, Маврово со видливост од 10 до 15 метри

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. ЈП Македонија пат информира дека кај Бунец, Маврово има појава на густа магла со видливост од 10 до 15 метри.

„На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, стои во соопштението на ЈП Македонија пат.

Слични содржини