Гутереш: Блискиот Исток е на работ, потребна е максимална воздржаност

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека Блискиот Исток е „на работ“ на целосен конфликт и ги повика сите актери на максимална воздржаност.

– Блискиот исток е на работ. Жителите на тој регион се соочуваат со реална опасност од разорен конфликт. Сега е време за деескалација“, рече Гутереш на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со иранскиот напад врз Израел, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека меѓународната заедница има заедничка одговорност за обезбедување итен прекин на огнот во Појасот Газа.

„Имаме заедничка одговорност да обезбедиме итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, безусловно ослободување на сите заложници и непречена испорака на хуманитарна помош“, рече Гутереш.

Тој, исто така, укажа на заедничката одговорност за ставање крај на насилството на окупираниот Западен Брег и враќање на безбедната пловидба во Црвеното Море. „Ние имаме заедничка одговорност да работиме за мир. Ниту регионот ниту светот не можат да си дозволат нови војни“, нагласи тој.

Слични содржини