Гужви на Табановце и Богородица, се чека по 45 минути

од Берта Китинска

Од денеска целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце и ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини