Гвардиола по победата над Атлетико: Тешко се игра против 5-5-0

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изрази задоволство од минималниот успех со 1:0 над Атлетико Мадрид во првата четвртфинална пресметка од Лигата на шампионите.

До успехот на „Етихад“, „граѓаните“ стигнаа со голот на Кевин Де Бруин во 70. минута.

„Многу сум задоволен од нашиот настап. Многу рамноправен и сложен натпревар. Игравме против неверојатен тим, против кој е многу тешко да се игра, но постигнавме добар резултат. Очекувавме да играат во шема 5-3-2, но тие се адаптираа и одиграа 5-5-0. Денес, како и по 100.000 години, ќе биде тешко да се нападне тим со таква шема, бидејќи практично нема слободен простор. Ќе извлечеме поуки и ќе се обидеме да се подобриме за реваншот во Мадрид“, прокоментира Гвардиола по мечот.

Слични содржини