Гвардиола за Белингем: Можеби лаже за годините!

од Stefanija Kuzmanovska

МАНЧЕСТЕР СИТИ ја елиминираше Борусија Дортмунд во четвртфиналето од Лигата на шампионите со вкупен резултат 4:2.

Иако Борусија поведе со 1:0 со голот на 17-годишниот Џад Белингем, Сити направи пресврт во резултатот и се спаси од изненадувачко испаѓање. Во полуфиналето Сити оди во Париз кај ПСЖ, а по мечот со Германците, Пеп Гвардиола го пофали играчот за врска на Дортмунд.

„Не можам да верувам дека тој е толку добар. Можеби лаже за годините. Тој е премногу добар за 17-годишник”, рече Гвардиола.

Белингем пристигна во Дортмунд летото 2020 година од Бирмингем Сити за 25 милиони евра. Тој имаше понуди од Баерн и Манчестер Јунајтед, но се одлучи за Борусија, каде веќе стана важен играч.

Слични содржини