Хали Бери со својот нов имиџ го украде вниманието на Оскарите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пред да се прошета по црвениот тепих, Хали Бери со фотографија на Инстаграм навести промена на имиџот, но никој навистина не го очекуваше ова.

За оваа прилика, Хали избра прекрасен долг нежно виолетов фустан на „Долче и Габана“ со машна и без прерамки, но нејзината нова фризура привлече уште поголемо внимание – краткиот, остар боб со многу кратки шишки целосно го освежи нејзиниот изглед.

„Боб фризурата на Хали Бери го украде шоуто на 93-тото доделување“, проценуваат модните магазини.

Слични содржини