Халзи шокираше со провокативен спот: Целосно гола, јава на коњ (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Пејачката Халзи сними нова песна, „You should be sad“, за која објави и нов спот, кој ја шокираше јавноста поради провокативните сцени.

Во една од нив, таа е потполно гола и јава на коњ, потсетувајќи на лејди Годива, која само со косата ги криела интимните делови.

Поради екстравагантното издание, публиката ја спореди Халзи со популарната Лејди Гага. Таа е веќе многу позната пејачка, но како и повеќето нејзини колеги, зад неа има бурно минато, еден обид за самоубиство и дијагноза за манична депресија, поради која неколкупати се лекувала во психијатриски одделенија.

Слични содржини