17
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, денеска ќе го вози сезонскиот болид на Ферари за 2024 година – SF-24. Ова ќе му даде можност на Британецот да се запознае одблиску со најновиот болид на Scuderia пред лансирањето на новиот SF-25.
Ова стана возможно откако Ферари го најави Хамилтон на тестовите на Пирели, а денес Луис ќе вози на патеката Барселона-Каталуња, која Формула 1 возачите и тимовите многу добро ја знаат.
Хамилтон, исто така, ќе запише дополнителни кругови зад воланот на SF-23 2023 за да ја надомести несреќата што ја имаше на вториот ден од тестирањето во Барселона минатата недела токму со тој болид.