Хамилтон: Малиот напредок нема да биде доволен за да се надмине Ред Бул

од Stefanija Kuzmanovska

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, по тренингот во петокот пред Големата награда на Австрија, изјави дека малите подобрувања што Мерцедес ги направи меѓу двата старта на Ред Бул Ринг, не се доволни за борба против Ред Бул.

Британецот го даде најдобриот резултат во петокот на вториот викенд на австриско тло, но сепак е на мислење дека оваа недела „биковите“ се фаворити. Минатата година Макс Верстапен забележа доминантна победа на трката за Големата награда на Штаерска, благодарение на што ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман на 18 поени.

„Денес направивме мал напредок, но мислам дека тие имаат две десетинки како резерва, а можеби е и половина, нешто слично. Дефинитивно направивме мал чекор напред, но не е доволно да ја стопиме разликата, нашиот чекор дефинитивно не е две десетини. Во една обиколка чувството беше многу добро. Сепак, очекувам денес да го зголемат темпото. Тие имаат нешто како режим на квалификации, како што имавме порано. Ќе ги прашам момците, бидејќи не знам како излегуваат во предност. Сепак, ова е неверојатно и мора да продолжиме да работиме напорно за да ги стигнеме“, рече Британецот.

На вториот тренинг во петокот, тој и неговиот соиграч Валтери Ботас ги дадоа двете најдобри времиња, додека Верстапен беше трет нешто повеќе од две десетини зад Хамилтон. Сепак, условите на патеката вчера беа многу постудени од оние пред една недела, што беше целосно во прилог на Мерцедес. Денешната прогноза предвидува топло време околу Ред Бул Ринг, со температури од скоро 30 степени на квалификациите.

Слични содржини