Хамилтон најбрз во квалификациите за за Гран-при во Шпанија

од Vladimir Zorba

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи во квалификациите за Гран-при во Шпанија. Британецот првата стартна позиција ја обезбеди со време 1:15.584.

До Хамилтон во првата стартна позиција ќе биде клупскиот колега Валтери Ботас.

Од третата до десеттата позиција се Верстапен, Перез, Строл, Албон, Сајнц, Норис, Леклер Гасли.

Себастијан Фетел е дури 11-ти.

Главната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Шпанија ќе се вози утре со почеток во 15:10 часот на патеката „Каталуња“ во Барселона.

Слични содржини