Хаос во Австралија: Градежници кршеа прозорци и фрлаа шишиња поради задолжителната вакцинација (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Жесток протест избувна пред седиштето на синдикатот во Мелбурн, бидејќи беше објавено дека вакцинацијата против коронавирусот ќе биде задолжителна за градежните работници.

Демонстрантите кои се собраа пред седиштето на Синдикатот за градежништво, шумарство, поморски работи, рударство и енергетика (ЦФМЕУ) кршеа прозорци, фрлаа шишиња, извикувајќи „Ние сме синдикатот“.

Лидерите на синдикатот се забарикадираа во зградата и ги прскаа демонстрантите со противпожарни апарати, пренесува РТ.

Полицијата се појавила со опрема за разбивање на демонстрации.

ЦФМЕУ и Австралиската федерација на синдикати ги обвинија за немирите „неонацистите и другите десничарски екстремистички групи кои се инфилтрираале меѓу демонстрантите“.

Неодамнешната владина одлука ги обврзува градежните работници да примат барем една доза од вакцината против Ковид-19 за да можат да дојдат на работа од петок, 25-ти септември.

Слични содржини