Хаос во куќата на Гејтс: Семејството е луто на Бил, Мелинда прва побарала развод

од Nikola Popovski

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс е далеку од „мирен“, како што е презентиран во јавноста, а семејството е луто на Бил Гејтс, додека основачот на „Мајкрософт“ и неговата сопруга всушност го завршиле бракот во март, иако сè беше откриенп неодамна, тврдат американските медиуми.

Бил и Мелинда Гејтс сакаа да го објават разводот во март, но нивните адвокати ги советуваа да не го прават тоа пред да се постигне спогодба за бракоразводната парница, пишува американскиот „ТМЗ“.

Според овој медиум, Мелинда Гејтс очекувала дека официјалното соопштение за разводот ќе предизвика огромно медиумско внимание, па за да го избегне тоа, заминала на изолираниот остров Каливини на Карибите, за кој се верува дека го изнајмува по цена од 132 000 долари на ден.

Нејзините три деца отишле со неа, како и неколку други неименувани лица.

Бил Гејтс не бил присутен на тоа патување, бидејќи семејството е „многу луто“ на него, наведуваат американските медиуми, но причините за тоа не се познати.

Иако тие го објавија разводот мирно, со образложение дека „повеќе не веруваат дека можат да функционираат заедно како двојка во следната фаза од животот“, тоа е далеку од мирно, тврди „ТМЗ“.

Според изворите на овој медиум, сите оние кои биле со Мелинда, односно три деца заедно, на островот во сопственост на милионерот Џорџ Коен, „застанале на страната на Мелинда“ и „му се лутат на Бил поради различни работи“.

Другите детали за разводот засега не се познати, освен шпекулациите во медиумите дека Бил Гејтс е во врска со Же „Шели“ Ванг, која работи како преведувач во нивната фондација, што категорично го демантираше на социјалните мрежи. Исто така, медиумите споменуваат дека Бил Гејтс редовно одел на одмор со неговата поранешна девојка Ен Винблад, за што Мелинда наводно се согласила за време на нејзиниот брак.

Слични содржини