Хеликоптер на АРМ се вклучи во гаснењето на пожарот кај Криволак

од Nikola Popovski

Во правец кон полигонот Криволак веќе се упатил армиски хеликоптер кој ќе помогне во гасењето на пожарот, кој се разгорел доцна синоќа.

-Стапено е во контакт со Воениот Полигон Криволак и не известија дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, но се смета дека најверојато пожарот се појавил во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во полигонот, информираа претходно од РЦУК Велес.

Од Територијалната противпожарна единица од Неготино информираа дека тие веднаш биле информирани за пожарот, отишле на Криволак, но не можеле да стигнат поради недостапен дел кој бил зафатен од пламени јазици.

Слични содржини