Херои на протестот во Србија: Пиво, ќотек од полицијата, па повторно на клупа (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Протестот против полицискиот час во Белград ќе го паметат тројцата момци кои на социјалните мрежи беа наречени „херои на протестот“, затоа што се вратија на клупата на која се наоѓаа, откако без никаква причина добија брутален ќотек од полицијата.

Тројцата мажи седеа мирно на клупа во Пионерскиот парк кога полицијата помина по патеката каде е нивната клупа.

Иако снимките што се споделуваат на социјалните мрежи ги прикажуваат како седат и гледаат како поминуваа кордонот полиција, тие наскоро стануваат мета на брутален напад од страна на полицајците.

Сепак, го добија прекарот „херои на протестот“ кога само неколку минути откако беа брутално претепани, се вратија на истата клупа во паркот.

Слични содржини