Херојот од Петриња побрза дома за својот омилен сувенир: Заслужи почесно место на „Енфилд“! ФОТО

од Берта Китинска

Страшниот земјотрес што ја погоди Хрватска минатата недела, особено Петриња, сè уште е во центарот на вниманието на целата светска јавност и пристигнува помош од сите страни

Петриња помина низ најлошото, градот беше уништен. Многу луѓе ги загубија своите куќи, станови, но и своите најблиски.

За жал, сето ова се случи среде пандемијата на коронавирусoт.

Еден од хероите во борбата против пандемијата е радиологот Бруно Лончаревиќ. Младиот Бруно моментално работи во Загреб каде им помага на пациентите со КОВИД-19, по веста за земјотресот побрза дома во Петриња за да спаси што може да се спаси.

“После земјотресот, само размислував како да провалам во станот, да земам работи и овој постер што е на посебно место во мојот стан. Тоа значи многу за мене, како и за другите навивачи на Ливерпул ширум светот. Знаев дека немам многу време да зедам работи од станот “, изјави Бруно за хрватските медиуми. Неверојатен гест на љубов кон клубот.

Се надеваме дека оваа приказна ќе стигне до Ливерпул и дека ќе го покани Бруно да го бодри својот сакан тим на „Енфилд“.

 

 

Слични содржини