Херсон без струја по силно руско гранатирање

од Stefanija Kuzmanovska

Неодамна ослободениот украински град Херсон остана без електрична енергија по силното гранатирање од руските сили, изјави во четвртокот регионалниот гувернер.

Херсон, кој со недели се соочува со недостиг на основни инфраструктурни услуги, како што се вода за пиење и електрична енергија, делумно го врати напојувањето минатата недела откако украинската армија повторно го зазеде градот во ноември.

Јарослав Јанушевич, гувернер на регионот Херсон, го обвини руското гранатирање за новиот прекин на електричната енергија и во соопштение на Телеграм наведе дека енергетските работници работат на решавање на проблемот.

Откако речиси девет месеци живот под руска окупација, граѓаните на Херсон сега се соочуваат со опасност од редовно гранатирање во некои делови на градот, од кои руските сили се повлекоа само на спротивната страна на реката Дњепар.

Слични содржини