Хит ВИДЕО: Јованка тврди дека Елон Маск е од Република Српска

од Vladimir Zorba

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, во јавноста се појавија разни теории на заговор – од сарин во воздухот до чип во вакцината. Но, овие моментално најпопуларни „шокантни вистини“ не се ништо според теоријата за потекло на Елон Маск. Имено, некои луѓе сериозно веруваат дека тој е од Балканот.

„Елон Маск, тој е од Република Српска, ако не се лажам. Некаде прочитав дека ги сменил името и презимето и дека е од Република Српска. Не можеше да успее ако не ги сменеше името и презимето. Тој е од племе на луѓе кои го менуваат своето име и презиме кога ќе се преселат од една во друга земја“, тврди Јованка Јолиќ за Балкан Инфо.

Оваа жена, која се претставува како експерт за заговори, вели дека има потврда за нејзиното експлозивно тврдење – од луѓе од Фејсбук.

Слични содржини