„Хитлер дрога“: Перуанската полиција заплени кокаин со нацистички симболи

од Stefanija Kuzmanovska

Перуанската полиција вчера заплени голема количина кокаин со симболи на нацистичка Германија.

Перуанската полиција за борба против дрога во четвртокот објави дека запленила 58 килограми кокаин, подготвен да биде испратен во Белгија од пристаниште на северот на земјата, спакуван во пакети со нацистичко знаме.

Кокаинот бил распореден во педесетина пакети, на чиј врв пишувало – Хитлер.

Товарот бил откриен во контејнер на брод под либериско знаме на пристанишниот терминал во Паита, град во близина на Екваторот. Не се пријавени апсења.

Полицијата за борба против дрогата за прв пат објави дека запленила пратка кокаин со симболите на нацистичка Германија.

Перу е меѓу трите најголеми земји за производство на кокаин во светот, заедно со Боливија и Колумбија, а властите го проценуваат неговото производство на 400 тони годишно.

Во 2022 година беа запленети околу 22 тони кокаин.

Слични содржини